Ѓорче Петров
Првиот човек на Ѓорче Петров информираше дека биле засадени 150 дрва на две локации во оваа општина. Поточно, тие се засадиле на Кејот на реката Вардар и во дворот на основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“.
Двата типа на јавор кои беа засадени се листопадни што брзо растат и брзо шират крошна. Тоа значи дека за многу брзо време ќе можеме да ги користиме придобивките од новозасадените дрвца, кои освен што ќе придонесат за чист воздух, ќе направат и одлични сенки на двете локации кои ќе бидат пригодни за летен период, рече Стојкоски.
Општина Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски денеска најави нов парк. Аеродром добива нова зелена, урбана површина на простор од 1000 метри квадратни. Градоналаникот соопшти дека локацијата на овој парк ќе биде на влезот во Лисиче, односно на булеварот „Февруарски поход“. Според неговиот Фејсбук статус, паркот ќе биде готов до следниот месец.
Општина Гази Баба
Во Гази Баба се одвиваше голема акција за пошумување на општината, а во средните училишта на оваа општина имаше засадување на дрвјата. Градоначалникот Бобан Стефковски информираше дека по повод почетокот на пролетта, општина Гази Баба спроведе акција за засадување на 5000 нови садници дрва на територија на општината. Тој заедно со ученици од општинските основни училишта учествуваше во акцијата каде се засадија нови дрва.
Општина Центар
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски објави за голема акција во основните и средни училишта.
„Екоакциите што денеска се спроведуваа во сите училишта и градинки имаат одличен едукативен карактер за децата од градинките и за учениците. Тие се одличен пример да ја развиваме свеста за чиста и уредена средина, дополнително садењето цвеќиња и садници ќе ги разубават и развеселат предучилишните и дворовите во училиштата, а воедно и ќе придонесат кон заштитата на животната средина и прочистувањето на воздухот. Затоа е потребно вакви екоакции да имаме повеќе и на разни локации“, порача Герасимовски.