Ѓорѓиевски на прием кај Архиепископот Стефан

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен прв човек на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја започна својата изборна кампања со посета кај Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Во објавата на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски нагласува дека му значи благословот и мудрите совети на Архиепископот.

  • „Ми значи неговиот благослов и неговите мудри совети. Со убав збор и добра мисла од денес ја започнувам нашата заедничка патека за Скопје“, напиша Ѓорѓиевски.

Ќе се види со секој граѓанин, најави теренска кампања

Во стил на директна комуникација со граѓаните, Ѓорѓиевски најавува секојдневна теренска активност во сите скопски населби и маала, со цел програмата за Градот да се креира врз основа на реални потреби.

  • „Како што ви ветив, секој ден ќе сум со вас, во сите населби и маала на терен. Ќе се видам со секој од вас, во секое маало и уличка, секое населено место и од вас, од вашите проблеми ќе ја креираме новата победничка програма со која Скопје ќе го возобновиме“, наведува Ѓорѓиевски.

Повик за обединување: „Да го вратиме достоинството на Скопје“

Во пораката до скопјани, кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на заедништво во обновата на главниот град.

  • „Време е градот што сите го сакаме, да блесне повторно со својот сјај, достоинство и дух. Заедно со вас, чекор по чекор, ќе му го вратиме достоинството на Скопје“, порача Ѓорѓиевски.