Упатувајќи му честитки за постигнатиот успех на дебито на Република Македонија на овогодинашното Европското првенство, Османи во името на Владата и Министерството за надворешни работи, се заблагодарил за достоинственото претставување на земјата во меѓународната јавност.

– Централна тема на средбата беа предизвиците со кои се соочува именувањето на националната фудбалска федерација, како и на фудбалската репрезентација на земјава. Османи посочи на законските обврски за примена на уставното име за организациите кои ја преставуваат земјата и кои било каков начин примаат дотации или друг вид финансирање од државата. Соговорниците се согласија дека на оваа тема ќе ѝ пристапат со добра волја и позитивен пристап, со цел да се надминат сите несогласувања и предизвици кои се појавуваат, соопштија денеска од МНР.

На средбата, стои во соопштението, министерот Османи го известил Сејдини дека Министерството за надвoрешни работи навремено реагирало и до УЕФА и странските медиумите за погрешното применување на државјанството на членовите на Организацијата и репрезентативците, посочувајќи притоа дека УЕФА навремено ги коригираше грешките.