Како што информираат од МНР, покрај средбата со својот домаќин, министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Грвала Шварц, Османи ќе оствари средби и со други високи претставници на државата, претседателот на Република Косово Вјоса Османи, претседателот на Парламентот Глаук Коњуфца, како и претседателот на Владата, Албин Курти.
– За време на посетата ќе бидат разменети мислења за прашања значајни за продлабочување на билатералните односи меѓу двете пријателски и соседни држави, идните проекти и приоритети, кои ќе бидат тема и за идната заедничка владина седница, перспективите на натамошната соработка во области од заемен интерес, посебно во областа на економијата и трговската размена, наведуваат од МНР.
Се очекува да бидат разменети мислења во врска со актуелните состојби во регионот, регионалната соработка, безбедносните прашања, современите предизвици и перспективите на земјите од регионот од интерес за нивната интеграција во европските и евро-атлантските структури.