Трогнат, вознемирен и видно потресен ја примив веста за разделбата на Ване и Дунавка.
Ќутевме сите дома и молчешкум тагуваме со по некоја солза кој во себе кој и со по некоја воздишка.
Тагувајки така читам објавата по десети пат и ми падна во очи неколку работи.
Ване да ти бил бре претседател на совет за унапредување и надзор на ревизијата.
Ставив цвикот па читам, исто…
Бељата да биде поголема отварам да видам што е тоа, тоа да ти го формирала Владата на РСМ.
А именувањата оделе преку Министерство за Финансии.
Браво бе Ване браво….
Само незнам навистина како успеа како осудено лице за трговија со државни и војни тајни на други служби(на крај ќе има слика како се води во суд)
Да обезбедиш потврда за не осудуваност навистина незнам затоа што и по превземањето на предметот од СЈО ве ослободија од изнуда уцена и уште неколку дела ама за ова дело за кое во доказен материјал имаше и аудио и видео и други докази ви остана.
Ама нејсе не си е он виновен заради тоа туку тој што го именувал и предложил а тој се знае со име и презиме и се вика Зоран Заев.
Па ми текна да го прашам попат нешто истиот тој.
Остана ли човече шутрак кого не го направи директор, претседател, министер, помошник министер, советник, хонорарец или уште имаш од шутото и рогатото за именување??
Второ што ми падна во очи дур солзите сами течеа без контрола е делот каде Ване ќе се посветел целосно на институцијата која ја водел.
Е тука почна и срце да ме стега и неконтролирано чука.
Добро бе Зоране досега што правел човеков освен што водел љубов.
Ајде ко осуденик што води таква важна владина институција ама овој не ја ни водел целосно туку делумно кога Дунавка имала обврски, бре бе мајката Зоране, Зоране…
А ти текнува ли Зоране на Томче Кежаровски?
Тоа е оној Зоки што го шетавте по митинзи ко бела мечка за да собирате поени дека носите правда за сите.
Знаете каде е??
Е не знаете јас знам ама не ви кажувам.
Го оставивте на цедило странци да го ценат повеќе него вие.
А токму тој случај ви донесе прв ветар во грб како политички монтиран случај од цела меѓународна заедница а не случајот Шпион на Ване, Ефремов, Диневски и говедоно од Куманово.
Во странство е Зоране во странство го избркавте и не немојте сега тој сам сакал и си отишол не е така туку они го викнаа и инсистираа да остане таму.
А вие прашајте се зошто инсистираа?
Веројатно дека дојде правда за сите или живот ли беше.
И не е осудуван Кежо Зоки туку му застаре предметот му застаре веројатно од брзината на правдата со која дојде.
А некој од твоите револуционери да не чул Ване да бекне нешто против режимот до 2014г дур не ги фатија на дело, не а епа ни јас не сум.
Ама таквите добиваат функции тие кои бекнуваа и урлаа и глава во торба ставаа ги фрливте на маргините на периферијата на депонијата од опшеството зошто пак они не знаат да отидат на Канал 77 каменосани и да урлаат
“Да живее Зоран Заев” тоа можат само Ваневци.
Ама ако…ако
Пред некои четри пет месеци те замолив преку неколку твои блиски луѓе а до неодамна мислев и мои дека се, за едно детенце.
Детенце кое од своја 21год до тој ден се бореше се една опака болест.
Детенце кое поради природата на болеста сакаше терапијата и третманит сам да си ја заработи.
Детенце кое поради природата на минатата болест не може да работи тешка физичка работа да можеше јас ќе го земев со мене.
И не побарав функција Зоране да работи за минималец макар само колку да се осети опшествено користен и доходовен.
Срам да ти е и тебе и на тројцава кои ги замолив срам.
Едниот пропадна во земја почнав да мислам да не е недај боже киднапиран другиве двајца “ќе биде” кое во превод значи барај друго чаре, комплет срам да ви е…
Зошто ли??
Само два дена по таа молба безмалку на колена се објавија списоците за хонорарци кој 40-50 кој и повеќе илјадарки богами.
Делокруг да извршување раб.задачи пишување статуси.
Епа срам да ви е бе срам ако воопшто знаете што е тоа.
На крај…
Во најмала рака очекувам да побараш оставка од надзорникот на ревизија во најмала поради признание дека непотполно совесно ја обавувал функцијата на која сте го именувале.
* Навистина сте различни од другите
Агнеса оној дебелион шо го отфингари бар не беше осуденик
Текстов го пишував синојка со полни очи солзи навистина ама не за двава кретена туку за двајцата други подоле именувани
Е навистина донесовте Живот за…
Поздрав од мене
На Ване му се извинувам што интимата жу ја чачнав ама он прв почна со својата
Од човечки аспект пресудата за делото нема да ја објавам на крајот од денов не ми е тој целта на текстот туку принципот на правда и праведност кај другиве двајца.
Ваш Ерол Ерко!
Остана ли човече шутрак кого не го направи директор
О
Трогнат, вознемирен и видно потресен ја примив веста за разделбата на Ване и Дунавка. Тагувајки така читам објавата по десети пат и ми падна во очи неколку работи. Ване да ти бил бре претседател на совет за унапредување и надзор на ревизијата, напиша Ерол Ерко на социјалните мрежи.