На годинашните Игри ќе учествуваат 4.400 спортисти од 162 тимови, меѓу кои и еден што претставува бегалци. Спортистите ќе се натпреваруваат во 22 спортови, а за прв пат се појавуваат бадминтон и теквондо. Игрите ќе траат до 5 септември и се одржуваат во позадина на напливот на случаи на ковид-19 во Токио. Случаите таму се зголемија за четири или пет пати од отворањето на Олимпијадата пред еден месец.

Параолимписките спортисти ќе ги следат истите правила како и олимписките спортисти, вклучувајќи секојдневно тестирање, задолжително носење маски и ограничувања на нивното движење. Речиси сите настани ќе се одржат без гледачи. Шефот на Меѓународниот параолимписки комитет Ендрју Парсонс на 23 август рече дека забраната за гледачите е „вистинска одлука“.

„Мојата порака е вклучете го телевизорот и уживајте во што е можно повеќе параолимписки игри“, рече тој.