Трговскиот суд во Белград отвори стечајна постапка против Алта банка – Белград, а српската Агенција за осигурување депозити, назначена за стечаен управник, соопшти дека до 6 ноември ќе ги објави официјалните детали за датумот на започнување на исплатата на осигурените суми.

Управниот одбор на Агенцијата за осигурување депозити ја избра Поштанска штедионица како банка преку која ќе се врши исплатата на парите на сите штедачи на Алта банка – Белград.

Агенцијата за осигурување депозити според прописите има законски рок од седум работни дена да започне со реализација на исплатите на осигурените депозити.

Граѓаните и правните лица ќе имаат можност да ги подигнат своите осигурени парични средства во период од три години.

„Системот за осигурување на депозити ги штити физичките лица, претприемачите, како и микро, малите и средните правни лица до максимален износ од 50.000 евра, без оглед на валутата или видот на банкарската сметка. Сите осигурени лица ќе можат да пристапат до средствата што ги чувале во Алта банка преку банката-плаќач – Банка Поштанска Штедионица. Динарските депозити ќе се исплаќаат во динари, а девизните депозити во евра“, наведува Управниот одбор.

Фондот за осигурување депозити во соседна Србија има на располагање целосен износ на средства за исплата на сите осигурени штедни влогови во банката.