Аргентина се пласираше во финалето на Светското првенство по победата над Англија со 2:1 во полуфиналето во Атланта, а Лионел Меси триумфот го посвети на легендарниот Диего Марадона.
Капитенот на аргентинската репрезентација изјави дека верува оти Марадона би уживал во овој момент, особено поради симболиката на победата над Англија. Меси беше асистент за двата гола на Аргентина во големиот пресврт.
„Без сомнение, Диего неизмерно ужива во ова бидејќи овој ден беше многу посебен за него. Фактот што можевме да му ја пружиме оваа радост и да му овозможиме да ја доживее на свој начин од горе, навистина многу значи. Нека ужива, бидејќи ова е подарок и за него“, изјави Меси за аргентинскиот телевизиски канал „TyC Sports“.
По натпреварот во Атланта, на Меси му беше врачена реплика од дресот што Марадона го носеше во легендарниот дуел против Англија во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година, кога Аргентина славеше победа.
Аргентина сега ќе ја брани титулата светски шампион во финалето против Шпанија. Натпреварот ќе се одигра во недела во 21 часот во Њу Џерси.
