На меѓународните берзи денеска барел нафта се тргуваше за помалку од 107 долари. Намалувањето на цената на нафтата се должи на пораките од САД за брзо завршување на војната со Иран и поминувањето на супертанкер низ Ормутска Теснина.

На берзата во Лондон попладнево барел нафта се тргуваше за 106,84 долари, што е за 4,44 долари помалку во споредба со вчера.

На американската берза нафтата поевтини за 3,70 долари во споредба со вчера и барел изнесуваше 100,45 долари.