Покрај другите кадровски решенија се поставува прашањето дали работите се менуваат во СДСМ или се враќаат старите кадри кои сега и покрај неуспесите во минатото треба да понудат нешто ново.
Имено во Извршниот одбор се Ана Данева Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајоска, Мелиса Ценовска Серафимовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ, Костадин Ацевски и Никола Рилак. А формиран е нов Совет за имплементација на политики на чело со Игор Ивановски.
– СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се демократизира и модернизира. Партијата е отворена за вклучување на нови луѓе кои ќе ги одликуваат знаењето, чесноста и посветеноста на социјалдемократските вредности, рече Димитар Ковачевски лидерот на СДСМ на кој му е дадена довербата да биде мандатар на новата влада.
Имено Андреј Петров покрај многуте партиски функции во СДСМ меѓу кои ш еф на Регионалниот изборен штаб на ИЕ 1 во 2006 година на парламентарни избори, шеф на Градскиот изборен штаб на претседателски и локални избори 2009 годинаa. A во периодот од 2003 до 2005 година бил секретар на ОО СДСМ Карпош, а од 2006 до 2009 година станал член на извршниот одбор на СДСМ, градоначалник на Општина Карпош од 2003 до 2008 година, а претседател на ЗЕЛС од 2005 до 2008 година, а тој станал и пратеник во 2008 година во македонското Собрание.
Петров во 2013 година на локалните избори каде се кандидираше по втор пат за градоначаланик на општина Карпош изгуби од противкандидатор Стевче Јакимовски, па во една своја изјава тогаш велеше дека размислува за оставка по поразот во Карпош кој во тоа време беше генерален сектретар на СДСМ тоа не го стори.
Во 2012 година Андреј Петров по иницијатива на Антикорупциската комисија заедно со тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски,доби иницијатива за „злоупотреба на средства во изборната кампања“, според која Комисијата тогаш обвини дека не пријавил извор на финансирање на изборната кампања.
Игор Ивановски – Шема кој е исто така поранешен висок партиски функционер на СДСМ, кој беше со неколку мандати пратеник во македонското Собрание, а беше и дел од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски, сега ќе треба да ги надгледува проектите на СДСМ.
Ивановски во 2013 година се откажа од трката за лидер на СДСМ преку ноќ во која кандидати беа Зоран Јовановски, Кире Наумов и Зоран Заев, со објаснување дека поголем акцент се ставило на личните битки и кадрови комбинаторики во партијата наместо програмски и работен концепт за иднината на СДСМ.
Од партиските кулоари често кружеше изминативе години дека и Андреј Петров и Игор Ивановски се критикувачи на политиките од заевизмот, сега се поставува прашањето дали тие го прифатија заевистичкото партиско функционирање со прифаќање на партиските функции од Ковачевски, кој веројатно ќе ги продолжи истите политики на Зоран Заев или во прашање е некоја друга договорена комбинација на државни функции кои би ги добиле е прашање на времето.