– Она вчера што се случи беше собир за слобода на уставобранителите, патриотите коишто се според мене, според најголем дел од македонската јавност тотално неправедно осудени, рече Пандов.
Тој потсети дека тие се осудени за тероризам, беа судени околу 3о-тина лица, а 15-тина од нив беа амнестирани, половина останаа во затвор.
– Ако тоа не беа политички процеси во коишто на најбрутален начин ја промовира својата сила, Заев и неговите бандити коишто го опкружуваа, не знам друго што е, посочи Пандов.
Тој исто така, потсети дека за ист таков случај, лице доби политички азил во Шведска, за да не биде политички осуден во Македонија.
– На ВМРО-ДПМНЕ и на секој слободоумен човек во Македонија му е јасно дека тие луѓе се политички осуденици. Не бараме милостина, туку бараме да има ново судење коешто ќе биде фер и праведно судење, рече Пандов.