Во 18 часот, на три часа пред почетокот на натпреварот Италија – Швајцарија, во автомобил „Смарт“ е пронајдена експлозивна направа.
Смартот беше паркиран на бр.2 во улицата Тито Спери во областа Рити во Рим. Случајните минувачи изразија сомнеж поради излегувањето на жиците од автомобилот, па побараа интервенција од надлежните органи.
Областа е евакуирана од безбедносни причини, а со брза интервенција на одделот за експлозивни направи, сите патишта беа блокирани, по што беше пронајден уред кој за среќа не експлодирал.
Воопшто не пријатна вест за сите навивачи кои вечерва ќе го следат дуелот од 2.коло на Европското првенство на „Олимпико“, но засега нема информации дали бомбата има врска со вечерашниот настан и кој стои зад сè.
Италија е фаворит на вечерашниот натпревар, откако во првото коло ја совлада Турција со 3:0. Швајцарецот во првото коло ремизираше со Велс, кој денес ја совлада Турција со 2-0 во првиот натпревар од 2.коло од оваа група.