Поглаварот на Католичката црква, обраќајќи им се на стотиците верници на плоштадот Свети Петар и Павле во Рим рече:

-Се молам за мртвите и повредените и за сите оние кои мораа да ги напуштат своите сериозно уништени домови

Им соопшти на жителите на разурнатиот североисток на Чешка дека е со нив.

Пет лица загинаа, а околу двесте беа повредени во невремето што ја уништи Чешка во четвртокот вечерта.

Според извештајот на јавната телевизија во Чешка, меѓу жртвите имало бремена жена од Словачка и нејзиното неродено бебе.