Парламентот на Унгарија го избра Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за претседател на земјата. Бака ја доби функцијата, која во најголем дел има церемонијален карактер, со поддршка од владејачката десноцентричната партија Тиса. Пратениците од опозицискиот Фидес претходно најавија дека нема да учествуваат во гласањето.

Претседателот на Унгарија се избира во Парламентот со двотретинско мнозинство на тајно гласање. Доколку првото гласање не биде успешно, се одржува второ во кое учествуваат двајцата кандидати со најмногу освоени гласови, а за избор не е потребно двотретинско мнозинство.

Ако и второто гласање биде неуспешно, се поднесуваат нови кандидатури и се спроведува ново гласање. Новоизбраниот претседател стапува на должност осмиот ден по објавувањето на резултатите од гласањето, откако ќе положи заклетва пред Парламентот.