Владата на седница на 5-ти август донесе одлука со која обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15 проценти на маржата, во зависност од тоа дали е на големо или е на мало. Репер е цената од 1-ви јули 2024-та година, рече премиерот  Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

-Задача е на трговците е да означат која била цената на тој датум и врз основа на неа да обезбедат попуст помеѓу 10 и 15 проценти. И да истакнат на влезот од продавницата натпис во кој пишува „Помалку трошоци, повеќе за вас“. Државниот пазарен инспекторат е на терен, гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, рече Мицкоски.

Преземено од Курир