Албанскиот мнистер за одбрана Нико Пелеши изјави дека неговата земја е безбедна со НАТО, додавајќи дека доколку се допре и педа од земјата ќе реагира Алијансата.
– Албанија, рече тој, иако е мала земја е добар придонесувач во НАТО, нагласувајќи дека има присуство во Летонија, во КФОР и во источното крило.
Според него зголемени се вооружените сили и оти со реконструкцијата воздухопловната база Кучово ќе биде дополнително влијание за безбедноста на замјата.
– Албанија го зголеми придонесот во безбедносните фондови на НАТО. Освен воздухопловната база Кучово, создаваме база на податоци за итни случаи, Албанија ја воведовме во ерата на дигитамизација и овие податоци треба да бидат достапни за сите засегнати страни. Албанија иако е мала земја е добар придонесувач во НАТО. Денеска сме присутни во Летонија, имаме големо присуство во КФОР. Влеговме во НАТО и за зајакнување на источното крило ќе бидеме присутни со еден вод во Бугарија, рече Пелеши.
Тој потврди дека Владата ги усвоила начелно протоколите на согласност за прием на Финска и на Шведска во НАТО и оти истите треба да ги ратификува Парламентот.