И додека Пендаровски ќе го оменкнува Радев на опатот кон Рим, Заев пак бара помош за проблемите со Бугарија од Грција, која што се вели до вчера важеше за клучен кочничар за македонија. Што точно добил како поддршка и идеја за одблокирање на патот од страна на Мицотакис Заев не кажува. Детали не открива ниту вицепремиерот Никола Димитров кој пак очекува засилен ангажман од португалското претседателство

Германската амабасадорка Анке Холштајн од Скопје испрати порака дека Европската Унија треба да ги исполни очекувањата. Потребен е напредок, билатералните прашања не треба да бидат пречка за Македонија.

По неодамнешните средби со шефицата на европската комисија Фон дер Лајен, каде јасно ни беше кажано дека прво треба да се решат прашањата со Бугарија, па потоа да се надеваме на преговори со Унијата, Заев повторно е во Брисел. Овојпат на средби со високиот претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Жозел Борел. Сепак средбата нема да биде билатерална, туку на маса ќе седнат лидерите на земјите од Западен Балкан. Според најавата, на средбата ќе се разговара за актуелни прашања од регионот во контекст на пристапувањето на земјите во ЕУ,пренесува alfa.mk