Претседателот Стево Пендаровски положи свежо цвеќе на Свети Спас во Скопје, по повод раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

„Денеска, на 152-годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, се сеќаваме на неговиот историски придонес за слободата, независноста и самобитноста на македонскиот народ. По тој повод, положив свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Нека му е вечна слава“, напиша Пендаровски на ФБ.