Тој вели дека на средбите со граѓаните се изнанадил што многу луѓе не го знаат иако тој сметал дека со целиот негов ангажан, посебно со групата „Меморија“ дека сите го знаат,но не излегло така.

Сепак тој е горд дека од овие избори излегол горд без ниту едена дамка и со чист образ.

Тој објаснувал дека било трик и спин изјавата дека ќе гласа за Шилегов и дека на тој начин успеал повеќе да го има во медиумите.

За досегашниот градоначалник на Скопје се уште тврди дека е „крадоначалник“ и оти ќе заврши таму каде што му е местото.

-Овие избори за него се да се биде или не.Ако остане градоначалник, а тоа е еден процент шанса има да не оди каде што има карта за во еден правец.Таму каде што ќе оди нема лифт туку ќе можат дневен оброк да ви носат од дома ако сакате да јадете нешто поквалитено.

Камиказа за Шилегов вели дека ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шакири и на Тортевски кои се негови големи пријатели.

Георгиевски вели дека не може да неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот ,но оти е јасно против кого била усмерена изборната кампања изминатите денови и оти од тоа може граѓаните да извлечат заклучок.

-Јас само знам за кого не би гласал а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за да гласаат.Ја навредувате нивната интелегенција. Но,еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов-порачува Камиказа.

Тој вели дека со енергијата што ја потрошил со изборите ќе направел пет концерти со „Меморија“ и е убеден дека кога би се случил нов концерт на групата би дошле и повеќе од 20.000 луѓе колку што го поддржаа на изборите.

-Ќе дојдат многу повеќе бидејќи ја препознаа енергијата.Да оставиме времето да покаже.Сакам да направиме еден голем концерт на стадион. Бевме готови тоа да го направиме но се случи короната. Тоа зависи од многу околнисти но јас имам голема желба-вели Георгиевски.

Тој бил изненаден што на повратничкиот концерт младите генарации ги знаат песните од „Меморија и што имаат милионски прегледи на Јутуб.

Целото интервју погледнете го тука.