Новиот градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски и подари букет цвеќе на старата градоначалничка на Битола Наташа Петровска, а таа него му го даде клучот од Општина Битола, пенкало за како што рече потпишување на значајни проекти и информаторот за реализираните проекти во нејзиниот четири годишен мандат.

Коњановски во холот на општинската зграда со аплауз беше пречекан од вработените во општината.