Жена од кавадаречкото село Ваташа е приведена утрово од полицијата откако создала неред и агресивно се однесувала на бензинска пумпа во Кавадарци. Според полицискиот извештај, таа била во алкохолизирана состојба со 1,95 промили во крвта.

Инцидентот се случил утрово околу 06:30 часот, кога Е.К. (28) со недолично и дрско однесување го нарушила јавниот ред и мир на бензинската станица, туркала предмети и навредувала вработени.

„По доаѓање на полициските службеници, таа агресивно се однесувала и кон нив. При преземање на мерки, кај неа се измерени 1,95 промили алкохол во крвта,“ стои во соопштението од Секторот за внатрешни работи Велес.

Жената е приведена и задржана во полициска станица, а по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.