Србија вечерва ќе одигра решавачки натпревар за пласман во осминафиналето и тоа ќе биде можност за одмазда за поразот на СП во Русија.
Селекторот Стојковиќ е свесен дека има критики по поразот од Бразил и ремито со Камерун, но вели дека воопшто не е загрижен.
– Не читам и не се занимавам со тоа. Спијам мирно, мирен сум, ме гледате насмеан… Кога ќе слушнам дека има хистерија, дека луѓето одат во крајности, навредуваат… Жал ми е што не сте со нас во хотелот, ако поминете повеќе време со нас, тогаш би се увериле во нашите зборови – објасни Пикси.