Новоформиран планинарски клуб насилно го присвоил планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно, обвинуваат планинарите, кои велат дека се работи за преземање на домот со цел градење на угостителски објект.

-Тивко и подалеко од очите на јавноста, вчера неколкумина од раководството на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија ФПСМ, со соодветен алат ги откорнала бравите на влезната врата на Планинарскиот дом Даре Џамбаз на врвот на Водно и насилно влегле во домот, предавајќи му го на тој начин на новооснованиот планинарски клуб Х2О во владение. Целта на овој упад е да се превземе планинарскиот дом, кој шест децении беше отворен за сите негови посетители без оглед на длабочината на џебот, кои во него наоѓаа засолниште, место за одмор, закуска, дружење и негово претворање во комерцијален угостителски објект. Со овој чин СЕ ЗАТВОРА последниот јавен објект за одмор и рекреација на граѓаните на планината Водно, напиша новинарката Југослава Дуковска на Фејсбук.

Планинарите веќе подолго време, обвинуваат дека на ова место треба да никне угостителски објект и претходно собираа потписи против изградба на истиот.

– Понудата која победила на тендерот распишан од ФПСМ преку клубот Х2О ја дале засега неидентификувани, но добро познати угостители од Скопје. Отсега, значи, доколку не одлучи поинаку надлежниот Суд, Скопјани и сите други посетители на Водно, во иднина ќе НЕМААТ НИТУ ЕДНО ЗАСОЛНИШТЕ СО ПОКРИВ каде ќе можат да се преслекуваат, да се стоплат и закрепнат, да си каснат сендвич од ранец, да си поседат, без да се присилени да плаќаат кафански цени за тоа задоволство, бидејќи условите на идните газди на домот на Крстовар бил – тоа да биде забрането во идниот објект! „Неименуваниот угостител“ (алиас угостители-љубители на галии, воденици н.з.) ветил дека ќе инвестира во „оплеменување“ на Домот Даре Џамбаз ДУРИ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА – ама само под услов ако се макнат оние со сендвичите и туршиите и маиците што се сушат покрај печката! Ете толку ќе чини операцијата во која МОЕ И ТВОЕ ЌЕ СТАНЕ НИВНО, се вели во објавата.

 

Тивко и подалеко од очите на јавноста, вчера неколкумина од раководството на Федерацијата на планинарски спортови на…

Posted by Jugoslava Dukovska on Wednesday, March 17, 2021