ХДЗ пред формирање на мнозинство

Андреј Пленковиќ рече дека наскоро ќе се знае со кого ХДЗ ќе формира мнозинство.

„Одлично е чувството, трета победа по ред, а убедливо никој не успеа пред нас. Презадоволни сме, митот дека ХДЗ не сака голема излезност е урнат“, изјави претседателот Андреј Пленковиќ, како што соопшти ХДЗ од својата официјална страница.

Спред Пленковиќ сè оди во најдобар ред.

Со кого ќе го формираме новото мнозинство во Собранието, ќе дознаете наскоро. Со некои колеги разговаравме веќе истата изборна ноќ, а разговараме и денеска. Сè оди во најдобар ред, победниците ќе ја водат Владата во третиот мандат“, рече Пленковиќ во објавата на Фејсбук на ХДЗ.

Убедлива победа на ХДЗ, еве кои други освоија мандати

Неофицијалните резултати на ДИК по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките на медиумите, покажуваат дека ХДЗ убедливо победи на парламентарните избори и освои 61 мандат, додека Риека Правде собрана околу СДП освои 42 мандати.

Трето е Движењето Татковина со 14 освоени мандати, Мост има 11, а Моземо 10 мандати.

По два мандати победија ИДС и Независната платформа Север и коалицијата Фокус-Република.

Сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ

ХДЗ е дел од Европската народна партија ЕПП и е сестринска партија со фаворитот на изборите за следниот месец, македонската ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Индекс