Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се искачи за 17 504 лица за еден ден, што е наголем дневен пораз од 22. јануари, покажале денеска објавените податоци на германскиот Институт за заразни болести.
Во моментов Германија има 2.612.268 потврдени случаи на Ковид-19.
Бројот на пријавени смртни случаи порасна за 227, со што сега вкупно има 74.132 починати лица во оваа земја.
Германија е во третиот бран на пандемијата, а во последните недели има ублажувања на мерките. Од Институтот предвдиуваат дополнителен раст на новозразени во следниот период.
Канцеларката Ангела Меркел и државните лидери овој месец се сложиле околу ублажување на ограничувањата, но и „итни акции“ во случај ако три дена поред бројот на заразени премине бројка од 100 на 100.000 жители.