Претседателот на Србија вечерва вонредно ќе ѝ се обрати до јавноста по повод ситуацијата на Косово. Обраќањето е закажано за 20 часот.
Најмалку две лица се повредени денес во општината Звечан на северот на Косово во судир на силите на Кфор и демонстрантите кои се противат на градоначалниците Албанци избрани на спорните избори кои Србите ги бојкотираа.
Косовската полиција претходно денес со солзавец се обидела да ги разбрка Србите, кои сакаат да ги спречат албанските градоначалници да дојдат на власт во местата со мнозинско српско население на северот.
РТС јави дека силите на Кфор ги разбиваат протестите со солзавец и шок-бомби, на што демонстрантите возвратиле со камења, шишиња и други предмети.
Порталот Косово онлајн јави дека најмалку двајца Срби се ранети, од кои едно момче потешко од огнено оружје, откако припадници на косовската полиција почнале да пукаат од огнено оружје.