Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град околу пладне го зафатија Охрид и околината. На моменти, градот беше со големина на орев, што ќе предизвика штети, особено на овошките и посевите, пренесува Нова Македонија.
Градската канализациска мрежа не можеше да ја прими сета вода, која почна да се излева од шахтите.
Дел од улиците се поплавени, а има и штети. Веќе има поплаки за оштетени автомобили, поплавени простории во руралните делови.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, свика состанок на Општинскиот кризен штаб поради невремето.
Покрај Охридско-струшкиот регион, според информациите на Центарот за управување со кризи, невреме со дожд и град го зафатил и кичевскиот регион.
– Од дежурните оперативци ви 112 и СОК во ЦУК, согласно јавувањата на граѓаните на 112 и на дежурните институции во земјава, информираат дека невремето од Охридско-струшкиот регион се движи кон Кичевско и веќе го зафсќа и Полошкиот регион, стои во информацијата од ЦУК.