Пред нешто помалку од еден месец, 29 годишен татко од Кичево при вршење семејно насилство ја претепал до смрт својата две годишна ќерка. На 8 јануари годинава девојчето подлегнало на повредите.

Како што соопшти Обвинителството, на 18 декември при семејно насилство, таткото на сопствената ќерка родена 2022 година ѝ нанел повеќе удари со раце и нозе. Тој ѝ предизвикал тешки телесни повреди како скршена коска на черепот, крвавење во мозокот и скршеници на две ребра. Од здобиените повреди детето починало на 8 јануари, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Основното јавно обвинителство Кичево поведе истражна постапка против него за кривично дело – Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Девојчето во болница било донесено од мајката. Од Министерството за здравство соопштија дека во Ургентниот центар во општата болница во Кичево во коматозна состојба е примена двегодишна пациентка. Поради критичната состојба малата пациентка е препратена на Ургентен хируршки центар во клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, а потоа префрлена на Универзитетската Клиника за неврохирургија, во Скопје. За жал, дури ниту најстручните доктори биле некомпететни и не успеале да ја спасат малтото двегодишно девојче од Кичево.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.