Како што наведоа, Фино починал во болница, каде што неколку дена се лекувал откако било откриено дека е заразен со корона вирусот, пренесува АП.
Владата на Албанија денеска го прогласи Ден на национално жалост, па знамињата во земјата се спуштени на половина копје.
Фино, школуван како економист, бил градоначалник на Ѓирокастро и дојде на чело на албанската влада во 1997 година. Земјата беше на работ на тотална анархија по распадот на широко распространетите пирамидални шеми, во кои голем број Албанци ги загубија своите животни заштеди.
Фино беше премиер пет месеци до одржувањето на предвремените избори што ги донесоа социјалистите на власт.