Според информации на „А1он“, скопјанецот имал тешки повреди на повеќе делови од телото, меѓу кои главата и ребрата. Исто така, бил примен со крварења во мозокот, а по четири дневен третман во болница и негово лекување, тој починал.
74-годишниот скопјанец беше прегазен во петокот и беше во животна опасност. Неофицијално, бил удрен додека поминувал на пешачки премин со велосипедот. На лице место имаше траги од кочење, а сведоци кажуваа дека имало и локви крв на местото. На возилото кое удрило во велосипедистот, била искршена шофершајбната.
На местото беше извршен увид од увидна екипа на полицијата, а за несреќата беше известен и дежурен јавен обвинител.