Регистрирани се 10 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје и Куманово – по 2, Тетово, Велес, Кавадарци, Охрид, Свети Николе и Крива Паланка – по 1.

Регистрирани се 17 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 4, Прилеп – 3, Тетово – 2, Струмица, Кичево и Радовиш – по 1.

Регистрирани се 3 починати лица од: Крива Паланка (76г), Дебар (69г) и Кичево (65г). Сите пријавени се починати во болнички услови.

Направени се 2.302 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-38, ЦЈЗ Битола-60, ЦЈЗ Прилеп-36, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–18, МАНУ-31, Жан Митрев (Филип Втори)-70, Авицена-244, Биотек-136, Систина-90, лабораторија Лаор-173, Синлаб-21, Ремедика-19, Плодност–29, Генеа–3, Никоб лаб-322, ВФВ Медикал-31, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 795.

Досега во земјата се направени вкупно 863.994 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.655, бројката на оздравени пациенти е 149.933, на починати е 5.481, а бројот на активни случаи изнесува 241.