Почна исплатата на надоместоците на членовите на избирачките одбори за претседателските и парламентарните избори годинава, извести Државната изборна комисија.
Исплатата е во тек и динамиката на исплата, велат од ДИК ќе зависи од ажурноста и точноста на податоците кои ги внесле Општинските изборни комисии, бидејќи до сега биле воочени многу технички грешки на личните податоци за близу 35 илјади членови на одборите.
Од ДИК укажуваат дека овие грешки се однесувале на податоците од единствените матични броеви и трансакциските сметки, па истите ќе треба да бидат коригирани за да бидат прифатени од системот за трезор за исплата во Министерството за финансии.