Во време на растечки тензии со САД околу Тајван, кинескиот претседател рече дека сите земји во регионот мора да работат заедно на заедничките предизвици.

– Обидите да се исцртаат идеолошки линии или да се формираат мали кругови на геополитички основи се осудени на пропаст, рече Си на виртуелна деловна конференција на маргините на самитот на азиско-пацифичката економска соработка.

Кинескиот претседател нагласи дека азиско-пацифичкиот регион не може и не треба да се врати на конфронтацијата и поделбата од ерата на Студената војна.

Неговите забелешки се фокусираа првенствено на напорите на САД со сојузниците и партнерите во регионот, преку групата Квад со Индија, Јапонија и Австралија, и новата алијанса Аукус да се запре она што Вашингтон го гледа како растечкото економско и воено влијание на Кина.