За оваа намена од буџетот на МВР издвоивме 121.530.722 денари, односно 135.033.142 денари во вкупен бруто износ со вклучен данок, средства плански обезбедени и најавени уште во декември 2020.
Ова е резултат на заложбите на ова раководство на МВР за подигање на социјалниот статус на полициските службеници, покрај севкупното подобрување на професионалните услови за работа, поаѓајќи од фактот дека само задоволна полиција претставува ефикасен сервис на граѓаните, работи со полн капацитет и легитимитет и испорачува резултати во активностите за справување со криминалот.
Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019 и оваа, за 2020 година, вработените во МВР сега знаат дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат – нешто што претходно претставуваше невозможна мисија.
Продолжувајќи со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на МВР, одговорно тврдам дека во наредниот период со уште поголема енергија ќе се посветиме на воспоставување на европски стандарди во полицијата за да можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Македонија.