Полицијата одзеде „Крајслер“ – Возачот од Турција доби парична глоба
Полицијата ноќеска одзеде патничко моторно возило „Крајслер“. Автомобилот бил со штипски регистарски таблички и дрифтал на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Инцидентот се случил околу 01:00 часот, а зад воланот бил С.Г. од Турција, кој има привремен престој во главниот град.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачот добил соодветна парична глоба за нарушување на јавниот ред и мир и создавање голема бучава.
Одземени возила поради учество во нелегални трки во Скопје
Покрај санкцијата, возилото е под сомнение за техничка неисправност. Поради тоа возилото ќе биде подложено на детална проверка во станица за технички преглед. Стручни лица ќе утврдат дали „Крајслерот“ ги исполнува условите за учество во сообраќајот.
Овој случај е дел од континуираните полициски акции за зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на непрописното возење во урбаните средини.
Извор: Република