Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска, поради одржување протест, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Почнувајќи од 17 часот, па сѐ до завршување на протестот, за сообраќај ќе бидат затворени следните крстосници: булеварот Партизански одреди со булеварот ВМРО во правец кон Карпош, билеварот Партизански одреди со улицата Франлкин Рузвелт во правец кон Центар, булеварот Илинден со билеварот Св. Климент Охридски во правец кон Соборниот храм и булеварот Св. Климент Охридски со улицата Димитрије Чупоски во правец кон Соборниот храм.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива протестот.