Жичницата на Водно ќе биде привремено надвор од употреба за време на викендот, односно на 25 и 26 април 2026 година, велат од ЈСП Скопје.

Од претпријатието појаснуваат дека станува збор за редовни, но проширени технички контроли кои ќе ги изведуваат специјализирани екипи од австриската компанија „Допелмаер“, со цел да се обезбеди максимална безбедност и сигурност во работењето.

Надлежните упатуваат благодарност до граѓаните за трпението и разбирањето, со апел навремено да ги планираат своите активности и да го земат предвид овој прекин во функционирањето.