-Министерот за животна средина и просторно планирање да ги стави Охридско Езеро и Студенчишко Блато под привремена заштита, онака како што предвидува Планот за управување со Охридски Регион; да се стопира секаква урбанизација во рамки на наследството, вклучувајќи и било какви административни процеси за усвојување на нови урбанистички планови; да се спроведе оценка на влијание на дивоградбите од 2011 година до денес, врз исклучителните универзални вредности (ИУВ), на транспарентен начин, со вклучување на јавноста во процесот; да се усвои новиот Закон за управување со Охридски Регион и Правилникот за заштитните зони, а Препораките од 2017 и 2020 година да се вградат во сите национални и локални документи, планови, велат од еколошкото здружение, „Фронт 21/42“.
Порака до владата: Охридско Езеро и Студенчишко Блато итно да се стават под привремена заштита!
П
Загрижува леснотијата со која централната и локалната власт зборуваат за можното впишување на Охридскиот Регион на Листата на светски наследства во опасност, а што е директна последица на нивното несовесно управување со регионот од 2017 година до денес, е ставот на еколошкото граѓанско здружение „Фронт 21/42“. Оттаму посочуваат дека мора да се направат неколку работи.