Единствената грижа на ДУИ им е само како да се спасат од правдата, реагираше Арбен Зеќири, портпаролот на Алијансата на Албанците, на својот фејсбук профил во врска со најновите истапувања и потези на партијата на Али Ахмети.“– пренесоа Тетово 1 и весникот „Лајм“.

Нека знаат сите: нема да има амнестија за криминалот и корупцијата. Ќе одговараат сите. Граѓаните бараат правда и враќање на парите, кои им се украдени. Граѓаните се згрозени од фолклорот, со кој беше покриван криминалот. Ќе одговараат сите, што изнудуваа од граѓаните и бизнисите. Ќе одговараат сите, што го испокрадоа државниот буџет. Ќе одговараат сите што ги задолжија општините, но и оние што прогонуваа луѓе и кои ја уништуваа нивната судбина, напиша Зеќири на Фејсбук.