Утре голем фудбалски спектакл на „Тодор Проески“ во чест на Кочани
Вардар и Црвена Звезда утре во Скопје. Националната арена „Тодор Проески“ од 20:00 часот ќе биде домаќин на хуманитарниот натпревар. Тој е организиран во чест на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Целиот приход од натпреварот ќе биде дониран за поддршка на семејствата на загинатите.
Посебен сообраќаен режим – СВР Скопје со важна најава
Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поради настанот, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улиците околу арената. Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на сообраќајот и апелира до сите учесници да ги почитуваат наредбите на полицијата.
Легенди на Црвена Звезда доаѓаат во Скопје – фудбал и емоции во еден настан
Натпреварот ќе има и емоционална тежина, бидејќи на трибините и теренот ќе присуствуваат легенди на белградскиот клуб, меѓу кои: Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Дарко Панчев, Илија Најдоски, Бошко Ѓуровски, Жарко Ѓуровиќ и други.
Фудбалерите на Црвена Звезда ќе бидат дел од фан зона, каде ќе се дружат со навивачите од 17:00 до 19:00 часот, нудејќи незаборавно искуство пред почетокот на мечот.
Извор: Курир