Поради посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утрово во Скопје се направи хаос во сообраќајот, пренесува ПлусИнфо.
Полиција имаше на секој чекор во центарот на градот, што предизвика застој во сообраќајот и нервоза кај возачите кои се обидуваа да стигнат на работните места, па често можеа да се чујат сирени од автомобилите.
Претседателката на ЕК утрово треба да се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, по што се очекува заедно да имаат прес конференција.
Фон дер Лајен пристигна вчера во Македонија, со што ја започна нејзината турнеја на Западен Балкан. Се сретна со претседателот Пендаровски, по што на социјалната мрежа Х порача дека со нетрпение ја очекува Македонија во ЕУ.
„Како што напредувате со реформите, така напоредувате и на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекуваме да ви посакаме добредојде вам, на вашиот посебен идентитет и на вашиот јазик, македонскиот јазик“, напиша Фон дер Лајен на платформата Х.