Последниот Суперџамбо во Хамбург ќе ги добие своите внатрешни делови и таму ќе биде обоен во боите на компанијата „Емирати“, последниот клиент на „А380“. Досега се насликани само перката и четирите мотори на авионот. Овој последен примерок ќе биде испорачан во текот на 2022 година и со него ќе се означи крајот на сагата што почна на 27 април 2005 година, кога беше изведен првиот лет на гигантскиот авион замислен од Ербас на крајот на 1990-тите .

Надевајќи се дека ќе го истисне „Боинг 747“ од големиот пазар на авиони, „А380“ на крајот не го исполни очекуваниот комерцијален успех со само 251 произведени единици, од кои дури 122 за својот најголем клиент: компанијата „Дубаи Емирати“. „А380“ влезе во функција кога избувна финансиската криза во 2008 година, предизвикувајќи пад на воздушниот сообраќај. Првично „Ербас“ очекуваше производствотто на околу 700 парчиња од овој модел да ги амортизира трошоците за програмата. Продажната програма никогаш не беше исполнета и покрај наклонетоста на јавноста кон овој супер џамбо што изгледа тивок, смирувачки и нуди невиден простор на комерцијален авион. Ербас реши да ја заврши програмата во февруари 2019 година.

Вкупно, 300 милиони патници веќе летале со авионот А380 и оваа бројка ќе продолжи да расте затоа што, и покрај кризата со коронаворусот, неколку компании ќе ги вратат во употреба своите „А380“, пред се „Емирати“, „Бритиш ервејс“, „Сингапур ерлајнс“., компанија која во моментов го реновира најстариот од своите модели „А380“. Додека, „Ер Франс“ дефинитивно го повлече леталото од својата флота.