Од денеска стартува владината одлука за пониски маржи за 10 проценти за дел од основните прехранбени производи. На листата која ја објави Министерството за економија и труд се наоѓаат ориз, леб, масло за јадење, сите видови зеленчук и овошје, месо и месни производи и млеко и млечни производи.

Сепак, од организацијата на потрошувачи за одлуката не се премногу оптимисти. Сметаат дека замрзнувањето на цените и сите вакви регулации се непазарни мерки.

Велат, оваа мерка не може да се применува на долг рок бидејќи ќе донесе други нелогичности на пазарот.