Повеќе бесплатни лекови преку позитивната листа и нови клинички во Штип и Скопје, приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Уште по преземањето на власта новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати со ажурирање и проширување на позитивната листа, со што ќе се зголеми бројот на бесплатни лекови кои се неопходни за голем број наши сограѓани, соопштија од партијата.

-Истовремено владата ќе се зафати со изградба на двата клинички центри во Штип и Скопје, а со цел граѓаните да добијат врвни услуги, според сите светски стандарди, а не да се лекуваат во лоши услови.

Системски ќе се спроведе систем на регионализација, со цел подобрување на здравствените услуги, а штипскиот клинички центар ќе биде еден од тие регионални центри.

Владата ќе работи според начелата на ефикасност и ефективност и согласно тоа ќе се укинат економските директори на клиниките, а преку Национална стратегија ќе се инвестира во континуирана медицинска едукација.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на граѓаните во здравствениот систем, но и ќе ка издигне услугата која ја добиваат пациентите на до сега не видено ниво.