Левица на претседателските избори ќе оди со свој кандидат. Од партијата на социјалните мрежи објавија промо-видео со кое гo најавија своето учество на изборите.

„Време е македонскиот народ да се заложи за себе храбро, чесно и борбено. Левица го нуди единствениот избор во клучен момент. Претседателски кандидат со решителност и храброст да каже не на раскрчмувањето на Македонија“, се вели во видеото.