Во соопштението се наведува дека тие ќе пристигнат на приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ околу 22 часот.
Исто така, се посочува дека Министерството за надворешни работи на Косово е во постојан контакт со семејствата на жртвите и дека утре телата на осум од 10 жртви ќе бидат пренесени на Косово.
– Владата на Косово, со сите свои институции и капацитети, работи напорно за да обезбеди соодветна грижа и третман на нашите сонародници повредени во Хрватска. Косовските институции, во координација со хрватските институции, организираа враќање на нашите сограѓани на Косово, чии здравје е стабилно, се вели во соопштението.