Командантот на Противпожарната единица на Град Скопје, Владимир Симоновски во изјава за МИА информира дека интервенирале со четири возила и 15 пожарникари.
За пожарот, Противпожарната единица на Град Скопје информираше и на својата официјална фејсбук страна.

– Пожар на ул. Скоевска. Н.Радишани. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната бригада, пожарот за брзо време беше локализиран,и изгаснат, спасено беше лицето кое беше во куќата. Нема повредени во настанот, се вели во објавата на Фејсбук.