Од утре нови цени. На мерката „гарантирани цени“ ѝ се ближи крајот. Граѓаните реагираат оти и сега едвај крпат крај со крај, а камо ли по новото поскапување.
Синдикатите против владината одлука
Синдикатите велат дека лошите ефекти од оваа непопуларна мерка дури сега ќе ги почувствуваат сите, поготово граѓаните со ниски примања.
Секое нелогично зголемување на цените ќе биде санкционирано, порачаа од Владата.
Инспекторите најавија проверки на терен
Пазарните и трудовите инспектори од петок ќе излезат на терен во контрола на цените на храната, но колку на пазарот ќе се стави ред не може никој да каже.
Синдикатите по којзнае кој пат алармираа дека мора да има реално зголемување на платите за граѓаните да живеат нормално.
Синдикална кошница
Во меѓувреме, статистика пресмета дека на едно семејство за да го истурка месецот му се потребни околу 1.000 евра.
Според Организацијата за храна на Обединетите нации, цените на храната значително паѓаат и се најниски во последните три години. Кај нас, сепак трошоците за живот од месец на месец само растат.
Има сигнали на стабилизација од глобалната економија. Стапката на инфлација беше над 19 отсто во 2022 година, сега во јануари е 3.2 отсто, велат експертите.
Граѓаните револтирани, експертите со економски објаснувања
На пазарот функционери „Невидиливата рака на пазарот“, а тоа е понуда и поборувачка. Ако цената на некои производи е нелогично висока сигурно дека купувачите ќе реагираат, велат експертите.
Во вчерашната емисија на Топ Тема се дискутираше оваа тема.
Пазарот треба да ги одреди цените тоа е финанлниот регулар на цените. Замрзнувањето на цените уште од почетокот беше погрешна. Начин на кризата со замрзување на цените беше погрешен, а солуцијата беше со целни таргет групи на кои им требаат финансии, вели Горан Ѓорѓиевски од Стопанската комора при вчерашно ТВ гостување.
Инаку гарантираната цена е цената која производите ја имале на 1 август годинава, намалена за 10 проценти.
Во изминатиот период беа воведени три пакети на мерки.