Градот Скопје континуирано од едно правно лице три години по ред врши набавки во висина од 2 милиони денари за 2019та, а набавките во 2020 и 2021 година се на ист ден идентични во висина од 4 милиони и 700 илјади денари.
Оваа правно лице работи исклучиво со Град Скопје, а освен чешми продава и клупи и корпи за отпадоци.
Токму поврзано со корпите за отпадоци и контејенерите беше второ советничко прашање на советникот Трајановски.
-Како може правно лице од кое Град Скопје врши набавка на контејнери, а многу брзо и набавка и на подземни контејнери во висина од 30 милиони денари, истото правно лице кое патем има тројца вработени да работи и на новогодишно украсување во повеќе општини во Град Скопје и други општини низ македонија и тоа за само еден месец, запраша тој.