Како што информираат професорите, на изложбата ќе бидат застапени професори од уметничкото училиште со свои слики, графики и скулптури, а покана за да ја отвори изложбата и да му додели свидетелство на ВД директорот и е упатена на министерката Мила Царовска.
Инаку, оваа изложба е протест против незаконското поставување на ВД директорот Филип Фидановски и барање за негово разрешување.
Професорите од ова средно училиште досега имаа два протести пред МОН, а поднесоа и серија претставки за, како што велат тие, криминалното и нечовечно раководење на Фидановски со училиштето и негово скрвнарење од успешно училиште во деструктивна институција.